Пожар во автомобил во кој имало три годишно дете

од desk2

Пожар избил во автомобил паркиран пред сервис за возила во Тетово, во кој се наоѓало три годишно дете. Возачот на автомобилот го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете, соопшти МВР.

„Во еден момент, од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот за кратко се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово. Причинета била материјална штета од околу 240.000 денари. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот“ се додава во соопштението на МВР.

Слични содржини