Пожар во хостел во Летонија, осум мртви: „Се слушна експлозија“

од Stefanija Kuzmanovska

Осум лица загинаа во пожар во хостел во летонската престолнина Рига, соопшти денеска тамошната противпожарна единица. Уште шест лица се хоспитализирани рано наутро поради изгореници и труење со чад, соопштија пожарникарите.

Повеќето жртви се странци, изјави градоначалникот на Рига, Мартинс Стакис.

Сведок слушнал експлозија

Пожарот избувнал во шесткатница во центарот на градот. Сведок на летонската телевизија изјавил дека слушнал експлозија.

Според градоначалникот, зградата е во државна сопственост.

Фотографии и видеа од оган и густ чад од горниот кат кружат на Интернет.

На терен има неколку противпожарни единици.

Слични содржини