Пожар во Котор по бакљадата за Денот на независноста на Црна Гора (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Пожарот на ридот Сан Џовани во Котор, кој избувнал поради бакљадата по повод одбележување на Денот на државноста на Црна Гора на ридовите на тој град, бил изгаснат по неколку часа, јавуваат подгорички Вијести.

Ридовите се под заштита на УНЕСКО уште од 2017 година.

Во оваа област се наоѓа и бастионот на Св. Роко и црквата на Пресвета Богородица, како и тврдината на Свети Јован.

Синоќа беше организирана бакљада во тој дел на Котор, па пожарот гореше од врвот на Сан Џовани до предниот дел на градот јавува подгорички Вијести.

 

 

Слични содржини