Пожар во ковид -болница во Индија: Загинаа најмалку 18 лица

од Берта Китинска

Најмалку 18 лица, вклучително и двајца здравствени работници, загинаа во пожар во болница „Ковид“ во западната индиска држава Гуџарат, соопштија денеска властите.

Пожарот избувна околу полноќ во одделот за интензивна нега во ковид болницата во градот Барух, 185 километри северно од Ахмедабад.

„Во пожарот загинаа 16 пациенти и двајца вработени“, Р.В. Чудасама, началник на полицијата во Барух.Тој додаде дека прелиминарната истрага утврдила дека причината за пожарот е краток спој. Локалните телевизиски канали покажаа снимки на кои се гледа дека дел од болницата е целосно изгорен.

Премиерот Нарендра Моди рече дека е длабоко тажен од загубата на животите во болницата во градот Барух.

Во Индија досега починале 211.853 лица од ковид 19, додека повеќе од 19 милиони се заразени.

Слични содржини