Пожар во куќа во Русија, пронајдени тела на четири деца

од Stefanija Kuzmanovska

Телата на четири деца беа пронајдени откако избувна пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија.

Во пожарот се повредени уште четири лица, од кои две се деца.

Портпаролот на регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации изјави дека е можно уште едно дете да е под урнатините.

„Пожарникарите пронајдоа тела на четири деца. Според соседите, можно е уште едно дете да е под урнатините. Потрагата продолжува“, рече портпаролот, како ТАСС.

Тој додаде дека пожарот избувнал рано утрово.

Кога пожарникарите стигнале на местото на настанот, седум минути по добивањето на повикот, еднокатна куќа ја зафатил пожар и се срушил покривот.

Двајца возрасни и две деца успеале да излезат од запалената куќа и со изгореници биле пренесени во болницата.

Слични содржини