Пожар во маркет во тетовско Пршовце

од Берта Китинска

Тетовските пожарникари спречија поголем пожар да се прошири во објект на ланецот маркети „Кипер“ во Пршовце. Повредени нема, причинета е материјална штета.

– Со нашата интервенција изгаснат е огнот што го зафати делот од објектот кај влезот и изложните прозорци на маркетот „Кипер“ во Пршовце. Повредени нема, само материјална штета, изјави командантот на тетовската Противпожарна бригада Ука Алити.

Слични содржини