Пожар во општина Долнени, гори сува трева

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за нов пожар во земјава, овој пат во атарот на с. Дебреште – Општина Долнени.

Од таму појаснуваат дека пожарот е настанат во локалната депонија и дека во моментов гори сува трева.

-Известени се ДЗС Прилеп, ПС Ропотово и Градоначалникот на ЕЛС Долнени. Ангажирани се 6 пожарникари со 1 пп возило и едно теренско возило. 4 вработени од ЕЛС Долнени, 2 полицајци од ПС Ропотово и 4 лица од местното населени. Зафатена е површина од околу 4 хектари сува трева, велат од ЦУК.

Слични содржини