Пожар во подрум во Аеродром, експлодирале и две плински боци

од Nikola Popovski

Денес во скопската населба Аеродром избувнал пожар во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври“, потврдил командирот на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, во изјава за МИА.

Според него, причината за пожарот уште е непозната, но по негово настанување, експлодирале и две плински боци.

На терен интервенирале две противпожарни возила и десет пожарникари обезбедени со кислородни боци. Пожарот е локализиран во првата фаза, а во моментов се проверува дали е целосно изгаснат.

Слични содржини