Пожар во царински скалд – двајца вработени пренесени во болница

од Берта Китинска

Вчера во 08:30 часот во СВР Скопје од Противпожарната единица од Скопје било пријавено дека во јавен царински склад на ул.„Јадранска магистрала“, сопственост на А.М.(41) од Скопје настанал пожар, при што била опожарена една комора. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а вработените Р.М.(47) и Џ.М.(27), двајцата од Скопје, поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Слични содржини