Пожар во земјоделски аптеки во Маџари

од desk2

Утрово околу 2 часот, во земјоделска аптека избил пожар, кој се проширил на соседната земјоделска аптека.


Како што соопшти полицијата, во 2 часот во Скопје на ул.„Маџари “во земјоделска аптека која била во состав на пазарот од засега непознати причини избувнал пожар, при што бил изгорен кровот и помошниот магацин, а од огинот бил зафатен и дел од соседната земјоделска аптека кадешто изгорел помошен магацин.

Пожарот бил локализиран во 2.45 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Слични содржини