Пожар во зграда на Руската Федерална служба за безбедност, има жртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во руската погранична област, која се наоѓа во близина на границата со Украина, избувнал пожар во зграда која ја користи Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Според последните информации, на пожарот му претходела експлозија, во која најмалку едно лице загинало, а има и повредени.

Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека засега е познато оти експлозијата била предизвикана од палење на електрични инсталации, но се уште не се знае дали станува збор за саботажа.

Во моментов пожарникарите работат на гаснење на пожарот, а пожарот се уште ги зафаќа гаражите и магацините на оваа двокатна зграда.

На терен се голем број полициски патроли и возила на брза помош, а според последните информации најмалку едно лице загинало, а најмалку две се повредени.

Слични содржини