ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ: Гори на повеќе места во државата

од Берта Китинска

Пожарите не стивнуваат веќе десетти ден по ред, и тоа на повеќе места во државата.

Вчера беа запалени три куќи кај селото Побожје, поточно во Чучер Сандево во Скопје, каде гореше во текот на целиот ден, но подоцна беше локализиран.

Уште се активни пожарите во кумановскиот регион, во Агино Село, но и во прилепскиот регион, кај селото Средорек.

Во Македонски Брод активни се пожарите кај селата Девич и Слатина. Гори и во Пехчево – Берово, кај местото Бајаз Тепе.

Пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е уште активен и вчера во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство.

Активен е и пожарот во Петровец, село Дивље кај м.в. Крушје, но и оној во Прилеп, Топлица кон селото Крстец.

На терен заедно со нашите екипи, интервенираат и екипите од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија, а за денеска најавена е и помошта од Црна Гора и Франција.

Слични содржини