Пожарникари спасуваат маче во Скопје (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На социјалните мрежи денеска се прошири видео во кое се гледа како пожарна од Скопје спасува маче, кое е качено на врв на дрво.

„Не можев да издржам, од вчера го слушавме како мјаука, дури сабајлево забележавме дека е на дрвото, се јавив, а операторот ми рече дека не можат ништо да направат штом е дрвото со тенки гранки, а мачето многу високо качено. Се јавив и вторпат, тогаш ми рече дека ќе јави да дојдат и навистина дојдоа… за десет минути, Фала им!“, пишува под видеото.

Фото: Твитер

Слични содржини