Пожарникарите од Кочани спречиле два обида за подметнување пожари

од Vladimir Zorba

Пожарникарите од Кочани во изминатото деноноќие спречиле два обида за подметнување пожари на отворен простор и со брза интервенција успеале да го локализираат и изгаснат огнот.

Територијалната противпожарна единица добила две дојави за пожари во близина на излезот од населбата Усова Чешма кон планинското село Пресека.

Според информациите од Единицата, постои сериозен сомнеж за намерно предизвикување опасност на делот што ги поврзува Кочани и приградската населба Оризари, на простор каде лесно може да се предизвика нова катастрофа поради сувата вегетација комбинирана со шумски појас.

Во изминативе 24 часа во Кочанско е регистрирана појава на нови пожари, овојпат во населбата Усова Чешма.

Територијалната противпожарна единица во два наврата добила дојава за интервенција на потегот од крајот на Усова Чешма на потегот кон Пресека. Според информациите од Единицата, постои сомнеж за подметнати пожари во дел што ги поврзува Кочани и Оризари, каде лесно може да се предизвика нова катастрофа, поради сувата вегетација комбинирана со шумски појас.

– Повикувам на совесно и внимателно однесување на секој поединец. Добро е што на пожарите е интервенирано веднаш и успешно, зашто во спротивно би се соочиле со огромни последици. Сите носиме одговорност, затоа сите мора да бидеме на штрек. Ги повикувам надлежните служби на зголемена будност, навремена и брза интервенција, но и санкционирање – апелира Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Поради актуелната состојба со пожарите на сила е целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. За непочитување на забраната се одговара согласно соодветната законска регулатива.

Слични содржини