Пожарот кај Мармарис се уште се гаси, осомничениот е уапсен

од Берта Китинска

Пожарникарите се уште од копно и од воздух се борат со шумскиот пожар во југозападна Турција во близина на познатото летувалиште Мармарис, додека властите соопштија дека уапсиле едно лице за кое се сомневаат дека има врска со пожарот.

На снимката се гледа како чад извира од ридот и возила со полициски водени топови им помагаат на пожарникарите додека пожарот се шири низ шумата во ретко населена област, објави Ројтерс.

Слични содржини