Пожарот во Калифорнија се шири, исклучена струјата во милион домови

од desk2

Сојузната држава Калифорнија се соочува со нов бран пожари, но овојпат, како што известуваат набљудувачите од теренот, опасноста е двојна, пожарот е разгорен од силните ветрови.

Пожарот всушност почна откако дрво падна врз електричен далновод во околината на Лос Анѓелес. Пожарите се шират брзо откако синоќа почнаа да дуват ветрови со брзина и од 119 километри на час.

Властите спроведуваат евакуација на жителите од зоните зафатени со пожар, откако десетици жаришта се проширија кон предградијата на Лос Анѓелес.

Во опасност да изгори синоќа беше и претседателската бибилиотека „Роналд Реган“. Пожарникарите и спасувачките служби се уште се борат да го спречат ширењето на пожарот во округот Вентура.

Во меѓувреме, компанијата за електрична енергија ја исклучи струјата на милион домови и бизниси низ северниот дел на сојузната држава, некои со кратко известување однапред, со цел да се спречи каблите за струја евентуално да предизвикаат повеќе пожари.

Слични содржини