Пожарот во Пехчево ќе се гаси со пет хеликоптери од рано наутро

од Nikola Popovski

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вечерва објави дека утре рано наутро со пет хеликоптери ќе се спроведе акција за гаснење на пожарот во Пехчево.

-Утре рано наутро 5-те хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во реонот на општина Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот, информира Ангелов.

Тој претходно извести дека хеликоптерите веќе биле вој тој предел, но поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура.

Слични содржини