Позитивен разговор помеѓу мајката на Рабио и Јунајтед го доближува до „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед е блиску до договор за трансфер на Адриен Рабио од Јувентус.

Николо Шира пренесува дека вчера мајката на фудбалерот и неговиот агент – Вероник имале позитивен разговор со претставници на „црвените ѓаволи“ и двете страни речиси ги испеглале сите разлики од претходните преговори.

Италијанскиот клуб се согласува на овој трансфер, но несогласувања се појавија околу личните услови, каде веќе е улогата на мајката на Французинот.

Според информациите на италијанскиот новинар, моментално се работи на последните детали од зделката според која Јунајтед ќе плати 17,5 милиони евра.

Договорот на Рабио ќе биде до летото 2026 година.

Слични содржини