Позитивни реакции по премиерата на филмот „Година на мајмунот“

од Vladimir Zorba

Премиерата на филмот, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски беше поздравен од многубројната публика во кино Милениум. На 23 и 24 април, филмот ќе ја доживеа својата интернационална премиера на Московскиот филмски фестивал, а ќе биде прикажан во официјална селекција. 

„Публиката многу убаво реагираше по проекцијата и со оглед на фактот дека се работи за една специфична комедија на апсурд, црна комедија, особено е битно што публиката реагираше на точни места, мнгу е битно за авторот заедно со публиката да го гледа филмот како еден вид проверка на концептот. Се надевам дека филмот е гледлив, питок и дека ќе комуницира со публиката. Јас сум оптимист дека публиката ќе го разбере и ќе го засака филмот“, рече режисерот Блажевски.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово. Продуцентот Дарко Попов рече дека и заради тоа проектот бил прилично комплициран.

„Македонија е носител во оваа копродукција, подржани сме од Еуроимаж и „Синема нетворк“ и беше прилично сложено да се координира продукцијата, бидејќи се премногу земји и премногу барања и сето тоа со цел филмот да биде што подобар. Развивањето на проектот трае од 2012 година и собирањето на средства за реализацијата, сега се надевма дека филмот ќе им се допадне на луѓето и дека ќе препознаат квалитет“, рече Попов.

Директорот на фотографија Димо Попов рече дека му било чест да снима со Блажевски кој бил негов професор.

„За разлика од претходниот филм (Панкот не е мртов) овој филм сакавме да биде топол, позитивен и стилски и визуелно го работевме поинаку. Сакавме да направиме една убава бајковита атмосфера и задоволен сум како изгледа крајниот резултат“, рече Попов.

И актерите Решит Береда и Елена Трајковска кажаа дека им претставувало предизвик и чест да учествуваат во филмот на нивниот професор.

„Секогаш сонував да учествувам во филм на професорот Блажевски. Мојата улога е на амбицозна девојка, која заборавила да се грижи за себе и филмот беше големо животно искуство, кое ќе ми помогне и натаму во кариерата и како човек“, рече Трајковска.

РежисеотБлажевски додаде дека во овој филм, за разлика од претходниот, сакал да создаде стилски сосема различна слика.

„Не само во смисла на гама и колорит, туку и во смисла на расположение, една идеја да се долови бајковитост, во тој, инаку грд и апсурден свет.  Филмот и во визуелна димензија требаше позитивно да зрачи кон гледачот, да создава еден контрапункт, значи да зрачи со оптимизиам, а друга страна се случува тоа што се случува во приказната. Тоа беше нашата стратегија. Кај нас, за жал, немаме вистински услови во киносалите да се добие вистинскиот визуелен впечаток“.

Слични содржини