Позитивните на новиот вид корона, почесто без два карактеристични симптома

од Stefanija Kuzmanovska

Луѓето кои се позитивни на новиот британски вид на коронавирус имаат поголема веројатност да пријават кашлица, болки во грлото или замор како симптомите на ковид 19, но имаат помала веројатност да го изгубат чувството за вкус или мирис, според студијата спроведена од британската Канцеларија за национална статистика (ОНС).

-Губитокот на сетилата за вкус и мирис се значително поретки кај позитивните со новиот вид од „тројно позитивните“, што е резултат на ПЦР тест кој укажува на тоа дека некој има Ковид-19, но не од британскиот вид- соопшти ОНС во анализа на симптомите на ковид-19 во Англија, опфаќајќи го периодот од 15 ноември 2020 година до 16 јануари 2021 година, пренесува „Ројтерс“.

ОНС соопшти дека биле забележани и други разлики помеѓу оние со британски вид и останатите со ковид 19.

Се смета дека британската мутација за првпат идентификувана на југо-исток од Англија во декември е попренослива и може да биде поврзана и со поголема смртност, иако податоците кои укажуваат на зголемување на стапката на смртност сè уште не се достапни и не се потврдени, соопшти агенцијата.

Слични содржини