Позитивните од Штип не знаат од каде се заразиле

од Nikola Popovski

Нови позитивни случаи на Ковид -19 има во три текстилни конфекции, во болницата, општината и во затворот во Штип. Ако пролетта имаше вкупно 20 активни случаи, сега секојдневно се регистрираат по толку новозаразени лица, а вкупниот број на активни е над 230.

„Дневно земаме и по 40 брисеви закажани со Мој термин. Позитивните не знаат од каде се заразиле. Ковид-19 повторно има кај вработени во три штипски конфекции, а позитивен случај имало во градинката ‘Виножито’ и кај еден ученик во ОУ ‘Тошо Арсов’ кој претходно бил изолиран поради ковид-19 кај член од семејството. Позитивни случаи има и во неколку други институции во градот. Преземени се мерки за самоизолација“, изјавила раководителката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова.

Зголемен е и бројот на тестирања. Деновиве, на пунктот се земаат и до 40 брисеви кои се закажани преку „Мој термин”, но има и такви кои според анкетите се сомнителни случаи.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов, по денешниот извештај на Центарот за јавно здравје, најави дека утре седница ќе одржи Општинскиот кризен штаб.

 

Слични содржини