Познат актер проговори за разводот и аферата со колешка: „Тоа ми го уништи семејството“

од Stefanija Kuzmanovska

Шкотскиот актер Еван Мек Грегор проговори за разводот со поранешната сопруга Ева Мавракис и за аферата со актерката Мери Елизабет Винстед.

Кога во 2017 година се појавија фотографии од оженетиот Мек Грегор како се бакнува со колешката од серијата Фарго, Мери Елизабет Винстед, неговата ќерка Клара ја нарече „ѓубре“, а нејзиниот татко „шупак“. Актерот сега призна колкава штета му нанела неговата афера на неговото семејство.

„Разводот е како бомба што експлодира во сечиј живот, па дури и во животите на моите деца. Сè уште на некој начин се лечиме поради тоа“, рекол актерот, пренесува Daily Mail.

Мек Грегор и Ева Мавракис беа во брак 22 години кога тој започна љубовна врска со Винстед. Разводот беше финализиран во 2020 година, а тој се согласи да ѝ плаќа на Ева 40.000 фунти месечно, плус да ја сподели со неа заработката од неговите филмови.

Ќе глуми со својата ќерка во нов филм

Мек Грегор сега глуми во You Sing Loud, I Sing Louder, заедно со неговата ќерка Клара која исто така го напиша сценариото за филмот. Филмот зборува за татко кој ја носи својата ќерка на рехабилитација, а главно се базира на закрепнувањето на Клара од зависноста од дрога.

„Таа ми кажа дека дошла до идеја да пишува за нас. Отпрвин бев малку нервозен, не знаев што значи тоа. Седнав и го прочитав сценариото и бев воодушевен. Тоа беше убава приказна за нас. Има работи кои не се вистинити или се искривени, но сепак го одразуваат тоа наше привремено отуѓување“, изјави Мек Грегор за магазинот GQ.

Клара подоцна се извини за нејзините забелешки на сметката на Винстед, признавајќи дека тоа не било убаво од неа. Винстед и Мек Грегор, кои го имаат едногодишниот син Лори, наводно се венчале во април оваа година.

Слични содржини