Познат дизајнот на Huawei P40 (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Huawei продолжува да работи напорно на своето портфолио на паметни телефони што ќе го видиме во 2020 година. Компанијата сè уште е предмет на невидени трговски санкции од страна на владата на САД. Сепак, Huawei P40 и P40 Pro премиерно ќе се претстават во март 2020 година. Новите топ модели на Huawei ќе работат со најновата верзија на корисничкиот интерфејс EMUI, но веројатно нема да имаат пристап до услугите и апликациите на Google.

На Интернет се појавија фотографии од официјален заштитнки за паметни телефони кои го откриваат дизајнот на Huawei P40. Од сликите разбравме дека уредот ќе има селфи камера во предниот дел, која е вградена во горниот десен агол. Huawei P40 се очекува да биде опремен со AMOLED дисплеј кој ќе биде со дијагонала од 6,1 или 6,2 инчи известува „GizmoChinа“. Паметниот телефон има USB Type-C конектор и ќе нуди брза технологија за полнење на батеријата.

На задниот дел има тројна камера која е произведена од Leica и е надополнета со двоен LED блиц. Сè уште немаме информации за резолуција на камерата. Брзината ќе ја гарантира 7-nm Huawei Kirin 990 процесор, кој исто така нуди поддршка за 5G мрежи. Наскоро ќе дознаеме повеќе за топ моделите на компанијата.

Слични содржини