Познат е идентитетот на загинатиот во тешката сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

од Nikola Popovski

45-годишниот Ф.Р. од Тетово е лицето кое го загуби животот во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош.

Повредени се Е.К (22) од Тетово кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога, како и Е.Љ (31) исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница.

-Во тек е увид на самото место на несреќата во која едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош. На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош.  Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата утврди дека во сообраќајката учествувале три патнички возила, опел, пежо и голф како и товарно возило мерцедес.

Слични содржини