Познат идентитетот на момчето кое почина по пад од зграда во Скопје

од Nikola Popovski

Полицијата вчера информира за трагичен настан при што едно момче почина, а девојка се бори за живот и е во критична состојба, откако биле пронајдени паднати пред зграда во центарот на Скопје.

-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во меѓувреме се дозна дека момчето било член на музичката група „Undone“. Неговите пријатели се простија од него на официјалната страна на бендот на Фејсбук.

-RIP Филип најпрекрасната личност, еден од столбовите на Undone, кој е со нас од пред да започнеме со Undone и до крај. Деновиве работеше на ново видео за The War On Love. Заедно правевме музика, многу неверојатни анимации и видеа што ти ги направи на толку многу песни, омоти што ги дизајнира за албуми. Филип замина трагично и никогаш нема да разбереме зошто е така. Вистински херој. Како што вели Дарко – Ќе те чуваме внатре засекогаш…некаде, стои во објавата на групата „Undone“.

Слични содржини