Познат идентитетот на напаѓачот кај Капитол

од Vladimir Zorba

Медиумите во САД го објавија идентитетот на напаѓачот на Конгресот. Според нив, станува збор за Ноа Грин, 25-годишен маж од Индијана.

Да потсетиме, денес Конгресот во Вашингтон беше затворен некое време поради безбедносна закана.

Напаѓачот со своето возило удрил во оградата во Капитол, при што биле повредени двајца полицајци.

Потоа излегол од возилото со нож во раката по што бил застрелан од трет полицаец.

Еден од двајцата полицајци повредени во нападот почина, објави вршителот на должноста шеф на американската полиција на Капитол.

Името на офицерот не беше објавено.

Слични содржини