Познат јутјубер ја продаде својата „Барби“ вила за 3,4 милиони долари (видео)

од Nikola Popovski

Еден од најпознатите светски јутјубери, Џефри Стар ја продал својата, како што ја нарекува, „Барби куќа од соништата“ во Калифорнија за 3,4 милиони долари, пишува „Дејли мејл“. Тој не можеше да ја продаде куќата по повисока цена, па затоа автоматски е во загуба, бидејќи кога ја купил во 2016 година, исплатил 3,5 милиони.

Кога ја купил, тој вложил многу пари и време за куќата да изгледа како Барби да живее во неа.

Вилата има шест спални соби, седум бањи, а она што го привлекло вниманието на многу негови придружници се розовите sидови.

Џефри направил и трезор во кој чувал луксузна колекција на дизајнерска облека, накит, модни додатоци и чевли.

До тој трезор можело да се пристапи само со отпечатоци од прсти и скенирање на окото, а додека Џефри живеел во таа вила, вооруженото обезбедување стоело пред вратата на плакарот за никој да не влезе.

Наводно, имотот го купиле хирургот Харприт Бау и неговата сопруга Сабрина. Однадвор, куќата изгледа како многу честа вила во Калифорнија, но влегувањето во неа е јасно дека не е слично на другите на кој било начин.

Пред неполна година, кога решил да ја продаде оваа вила, Џефри купил огромна вила за себе и за тогашното момче Нејтан Шонт, која ја платил над 12 милиони долари.

Неговата сегашна вила има осум спални соби и 13 бањи и во неа не доминира розовата боја како во претходниот дом. Од друга страна, Џефри и Нејтан раскинале наскоро откако се преселиле во нивниот нов дом.

Слични содржини