Американскиот кантри музичар Џејк Флинт почина само неколку часа по неговата венчавка во неделата, а причината за смртта се уште не е објавена.
Флинт (37) починал во сон во Оклахома, објави на социјалните мрежи неговата менаџерка Бренда Клајн.
Сопругата на Флинт, Бренда Вилсон Флинт, објави видео од двајцата како танцуваат под дрво на денот на нивната венчавка.
„Требаше да гледаме свадбени фотографии, но наместо тоа треба да ја одберам облеката во која ќе го погребам мојот сопруг“, напиша таа на Фејсбук.
Двојката се венча на церемонија во Тулса еден ден претходно.
Долгогодишниот публицист Клиф Дојл навел дека Флинт умрел во сон.