Познат НБА-играч се заканил дека ќе ја убие сопругата поради видео игра

од Nikola Popovski

Ражон Рондо, легендарниот плејмејкер и кошаркар на бројни НБА клубови, кој на крајот од сезоната настапуваше за Кливленд Кавалирс, е уапсен поради закана со огнено оружје.

Според американските медиуми, тој и извадил пиштол на мајката на неговите две деца, Ешли Бачелор.

Причината за инцидентот е крајно бизарна – видео игри. Имено, Бачелор наводно побарала од синот да ги одвои испраните алишта. Додека малото дете играло со Рондо во тоа време, НБА ѕвездата збеснала и прво ја искршила конзолата за игри од ѕидот.

После тоа, Рондо почнал да крши сè околу куќата, од шолји за чај до надворешни светла и канти за ѓубре.

Кога се обидела да го смири, Рондо рекол дека ќе ја „убие“, по што се оддалечил од дома. Меѓутоа, според полицискиот извештај, тој 15 минути подоцна се вратил со пиштол, почнал да удира по прозорецот, а кога таа го замолила да престане, тој ја замолил да го донесе синот, а потоа и неговата ќерка, по што продолжил да вика кон децата и ги прашувал зошто се плашат од својот татко.

Ситуацијата била на работ на ескалација, но доаѓањето на родителите на Рондо го принудило двократниот шампион во НБА да го напушти местото на инцидентот.

Фото: Stacy Revere/Getty Images

Слични содржини