Познат победникот во Струмица

од Берта Китинска

Според податците објавени на ДИК, победник е кандидатот на СДСМ, Костадин Костадинов со освоени 13.760 гласови.Неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов освои 10.291 глас.Кандидатот на Интегра, Васе Витанов доби само 346 гласа.

Костадин Костадинов, кандидатот за градоначалник на СДСМ вчера  во Струмица прогласи победа во првиот изборен круг на локалните избори

-Сега ќе кажам, јас сум Костадин Костадинов, новиот градоначалник на оштина Струмица. И победивме и успеавме и пуштивме порака до сите како може да се води кампања и да се водат избори со над 4.000 гласа разлика. Без притоа да се спомне опозицијата, без да се спомне противкандидатот оти треба да им служиме и на нив. Ќе бидеме градоначалници и советници на сите. Нашите врати ќе им бидат отворени на сите.Оваа голема победа е за Струмица. Ова ќе биде уште поубаво и помодерно место за живеење. Да ни е вечна победата, изјави Костадинов.

Слични содржини