Познат руски фудбалер мобилизиран за војната во Украина

од Nikola Popovski

Поранешниот играч од средниот ред на Евертон, Динијар Билјалетдинов, е повикан да се бори во руските вооружени сили во Украина.

Тој стана првиот руски спортист кој беше официјално мобилизиран.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна најави делумна мобилизација на населението за одредени категории жители.

Способните мажи кои претходно служеле во вооружените сили и имаат одредени воени специјалности подлежат на регрутирање.

Интересно е што Билјалетдинов е над старосната граница од 35 години, но причината за неговото регрутирање би можело да биде фактот што служел и претходно.

Уредбата, која стапи на сила минатата недела, ќе предвиди 300.000 Руси да бидат регрутирани за да учествуваат во тековниот конфликт.

Во изјава за рускиот весник Sport24, таткото на Дињар, Ринат Билјалетдинов, откри дека неговиот син бил регрутиран.

Постариот Билјалетдинов, исто така, потврди дека Динијар претходно служел во руските вооружени сили, но инсистирал дека тоа го правел само во спортска улога.

„Да, Динијар доби повик. Служуваше во спортот пред повеќе од 19 години кога играше во младинската екипа. Положи заклетва и служеше војска на спортски терен пред 19 години. Единствено што не разбирам е како тој како 37- годишник бил повикан во војска ако законот вели дека на мобилизација се повикуваат лица до 35 години“, изјавил таткото.

Билјалетдинов одигра 46 настапи за руската репрезентација во периодот од 2005 до 2012 година и беше дел од тимот што стигна до полуфиналето на Евро 2008 година.

Слични содржини