Позната актерка била силувана пред нејзиниот сопруг, објавени потресни детали

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Френ Дрешер, која го освои светот со улогата во серијата „Nanny“, ја објави својата автобиографија „Enter Whining“ која ќе содржи интимни делови од тежок период од нејзиниот живот.

Популарната дадилка, како што ја нарекуваа ширум светот поради серијата која се емитуваше во деведесеттите, проговори за силувањето кое се случило во 1985 година, кога имала 28 години. Деталите за тој немил настан и последиците од тој чин ги објави во нејзината автобиографија која неодамна беше објавена.

Таа во книгата наведува дека една вечер, додека таа и нејзиниот тогашен сопруг биле во кујната со нејзината пријателка, разбојници упаднале во нивниот дом. Френ и нејзината пријателка биле силувани, откако им се заканувале со пиштоли, а нејзиниот сопруг Питер Марк Џејкобсон бил врзан и принуден да гледа.

– Тогаш не знаевме дека овој човек и неговиот брат се на условна слобода. Беше ужасно да се помисли дека бил затворен, а потоа ослободен, и дека после се го направил тоа – изјави Френ.

Таа на полицијата ѝ дала добар опис на сторителот, па брзо успеале да го пронајдат.

– Бидејќи имам фотографска меморија, им помогнав на полицијата и на илустраторот да направат скица според која подоцна го пронајдоа и го приведоа – рекла актерката.

Сега знае дека е затворен и дека повеќе нема да повреди никого.

– Барем после се го имав тој завршеток, кој многу жени го немаат. Не треба да се плашам да не го сретнам зад аголот. Откако се случи, им кажав на пријателите, но немав сила да им се јавам на родителите и да им кажам што се случило – признала таа.

Актерката за силувањето за прв пат проговори во 1996 година, а сега во својата автобиографија опишала сè детално.

Слични содржини