Позната причината за распадот на првиот брак на Меган Маркл

од Vladimir Zorba

Мемоарите „Пронаоѓање слобода“ за Меган Маркл (39) и принцот Хари (35) ја видоа светлината на денот, а некои непознати детали од нивните животи се појавија.

Многумина се изненадени од информациите за нејзиниот живот пред таа да стане дел од британското кралско семејство, односно за пропаднатиот брак со американскиот филмски продуцент Тревор Англесон (43).

Сега е откриена причината за пропаѓањето на тој брак. Имено, авторите на овие мемоари, Омид Скоби и Керолин Дуранд, тврдат дека врската завршила затоа што Тревор сакал Меган да биде финансиски зависна од него.

Како што откриваат авторите, на Енгелсон не му се допаднало фактот дека Меган станала позната благодарение на улогата во серијалот „Suits“, и тоа и „удрило во глава“.

Тогаш 23-годишната Меган се за вљуби во Тревор, откако „The Hollywood Reporter“ го постави на списокот на Топ 35 продуценти под 35-годишна возраст во 2009 година. Во тоа време, неговата кариера беше во подем.

Иако беа во врска седум години, нивниот брак траеше само две години, од 2011 до 2013 година. Нивната љубов се распадна по нејзината улога во споменатата серија.

Во време кога тие сè уште беа само во врска, Меган им открила на најблиските пријатели дека Тревор не ја поддржувал во актерската кариера. „Чувствуваше дека му се допаѓа да е зависна од него и тоа е вистината за нивната врска“, откри близок пријател на поранешната актерка, додавајќи: „Тревор беше доминантен во врската. Му се допадна тоа што го заработува, а само со него можеше Меган да направи нови познаници во филмската индустрија“.

После улогата во серијалот „Suits“, Меган поминуваше се повеќе и повеќе време во Торонто, додека Енгелсон сè уште живееше во Америка, поради што тие се оддалечија.

До 2013 година, нивните средби се „проретчиле“, а самиот продуцент се појави на Оскарите таа година, тврдејќи дека добил само еден билет.

Но, вистината, наводно, била различна.

Енгелсон беше свесен дека доаѓањето на Меган Маркл може да го намали интересот на медиумите за неговата кариера, па решил да дојде сам.

Шест месеци подоцна, парот поднесе документи за развод, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина за пропаѓањето на бракот. Официјално се разведоа во 2014 година.

Слични содржини