Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Позната српска политичарка повикана во полиција за твит против Вучиќ

Позната српска политичарка повикана во полиција за твит против Вучиќ

Познатиот српски социолог и политичарка, Весна Пешиќ, повикана е денес на сослушување во полиција по налог на Вишото јавно обвинителство да истражи дали во нејзиниот пост на Твитер има елементи на кривично дело, изјавија од обвинителството.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Пешиќ на свој твит од саботата напишала: „Ајде бре да ве видам што ќе сторите кога ќе се прогласи за доживотен претседател. Додека твитерашите безгрижно твитаат. За тоа не размислувате. Ете го Путин баш тоа го прави. Ако Брнабиќ даде оставка да знаете-се подготвува доживотен Вучиќ. Е нема тука бојкот, само цевка во главата“.

И покрај тоа што Весна Пешиќ тврди дека мислела на себе, а не на претседателот на Србија, односно на самоубиство, а не на убиство, некои политички функционери, пред се од владеачката Српска напредна странка (СНС) и провладини медиуми и таблоиди проценија дека таа повикува на убиство на претседателот и побараа санкции.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера кажа дека нема да ја тужи Весна Пешиќ во приватна тужба во врска со твитот.

Пешиќ во денешното интервју за печатеното издание на весникот Данас, говореше за состојбата на општеството во Србија, изјавувајќи дека „во својата земја не се чуствува слободна да мисли, бидејќи еднопартискиот систем никому не му дава да мисли, освен на оние кои мислат исто како таа партија.“

-Сега е полошо отколку во времето на претседателот на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, кој никогаш не ми правеше проблем за моите размислувања, а денес на сите телевизии има кампања за мојот твит, изјави Пешиќ.

loading...