Позната украинска актерка загина во ракетен напад во Киев

од Nikola Popovski

Познатата украинска актерка Оксана Швец загинала во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев, објави „CNN“.

„Млад театар“ – украинска театарска трупа во која била дел во 1980 година, ја објави веста за нејзината смрт во четвртокот. Во соопштението објавено на нивната Фејсбук страница, тие изразуваат „необјаснива тага“ поради нејзината смрт, наведувајќи во текстот, дека актерката е убиена.

„Почесната уметничка на Украина Оксана Швец беше убиена за време на ракетен напад врз станбена зграда во Киев“, напиша трупата.

Нејзината смрт ја објави и „Киев пост“, наведувајќи на Твитер дека била „убиена во Киев за време на војната“.

Според веб-страницата на „Млад театар“, таа дипломирала театарски студии во театарот Иван Франко и Државниот институт за театарска уметност во Киев.

Покрај театарската работа, Швец глумела и во серии.

Според „Variety“, таа добила една од најпрестижните украински награди – Заслужна уметничка на Украина, за нејзината работа во театарот.

Слични содржини