Позната водителка се самоубила во својот стан, ден пред судењето за напад врз момчето

Некогашната водителка на реалното шоу Love island, Каролин Флек, е пронајдена мртва во својот стан во Лондон. Имала 40 години.

Безживотното тело на водителката го нашле во нејзиниот дом откако нејзиното поранешно момче пријавило дека не му одговара на пораките, а на Твитер почнале да кружат разни теории, како таа дека извршила самоубиство бидејќи е продолжено судењето поради тоа што недоамна го претепала.

Британските медиуми наведуваат дека самоубиството го извршила откако нејзината пријателка накратко излегла од станот, а кога се вратила вратата на станот била заклучена. Во станот дошол нејзиниот татко кој го затекнал безживотното тело.

Семејството вчера ја потврдила трагичната вест и замолиле за приватност во овие тешки моменти.

За потсетување, Каролин го претепала момчето Луис Бартон пред еден месец, по што и двајцата биле сослушани. Луис и простил и изјавил дека дошло до неразбирање и дека смета дека тие и понатаму се во врска и дека тужбата е неоснована. Судот тогаш и додели забрана за доближување.

Слични содржини