Актуелно
Почетна / Сцена / Познатата актерка за првпат по две години излезе во јавност, го уништила изгледот со пластични операции

Познатата актерка за првпат по две години излезе во јавност, го уништила изгледот со пластични операции

Американската актерка Лара Флин Бојл се појави во јавноста после дури две години. Никој не беше во можност да ја фотографира или да ја види актерката, таа се криеше од љубопитните погледи на обожавателите, а најмногу затоа што го уништи лицето со пластични операции, пренесе „Вечерњи“.

Актерката последен пат се појави во јавноста во 2018 година, а странските медиуми тврдат дека во рацете држела шише со жесток пијалак додека управувала со личниот автомобил.

Потсетуваме, популарноста на актерката ја донесе улогата во серијалот Твин Пикс. Имаше дваесет години кога ја доби улогата на Дона и сите веднаш забележаа дека синооката актерка зрачи со сексапил. Таа стана секс-симбол на деведесеттите и имаше неколку значајни улоги во филмови како „Луѓе во црно“ и „Среќа“, но ништо не остави белег како улогата на Дона.

Медиумите повеќе пишуваа за нејзиниот љубовен живот и естетските процедури кои ја уништија нејзината природна убавина.

Актерката не можеше да се справи со процесот на природно стареење и се обиде да го забави, но ефектот беше сосема спротивен и сега спаѓа во таа група холивудски актерки кои се одличен пример за тоа како одењето под нож може да ја уништи природната убавина. Естетските хирурзи велат дека актерката го оперирала носот и претерала со ботокс кој го изобличил нејзиното лице.

loading...