Познати 20 учесници на ЕП 2020, остануваат уште четири места

од Vladimir Zorba

По завршување на последното коло од квалификациите за Европското фудбалско првенство, познати се 20 учесници кои ќе настапат на завршницата на континенталното натпреварување.

На ЕП 2020 досега учество изборија: Белгија, Италија, Русија, Полска, Украина, Шпанија, Турција, Франција, Англија, Чешка, Финска, Шведска, Хрватска, Германија, Холандија, Австрија, Португалија, Данска, Швајцарија и Велс.

Уште четири учесници на ЕП ќе се пласираат преку Лигата на нации на пролет идната година. Меѓу кандидатите е и македонската репрезентација која во полуфиналето од четвртата група ќе игра со косовската селекција.

Европското првенство ќе се одржи во 12 града ширум континентот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

Слични содржини