Познатиот готвач дал отказ на 500 свои вработени без предупредување

Познатиот британски готвач Гордон Ремзи отпуштил 500 вработени откако морал привремено да ги затвори своите ресторани во Лондон поради коронавирусот.

„Со години напорно работевме за него, а тој нас не отпушти кога најмногу ни треба. Не згрози со начинот. Без предупредување. Бевме повикани на состанок и известени дека нашите договори веќе не вредат. Беше толку брутално. Дури подоцна добивме мејл дека ќе ни биде платено за работата до 17 март“, раскажала готвачката Анка Торпуч за Daily Mail.

„Ужасно е тоа што ни го направи. Се надеваме дека ова ќе помине и дека бргу ќе се вратиме на рбаота, но повеќе не можам да работам за Ремзи. Неговото однесување е одвратно“, рекол друг вработен кој сакал да остане анонимен.

Ремзи се огласи на Твитер откако доби негативни реакции за својата одлука, па така одговори на една објава.

„Очигледно дека никогаш не сте воделе бизнис, а повторно во овие тешки моменти се криете зад патетични коментари, престанете веќе. Ефтини коментари од горки, егоистични усти“, напишал тој.

Слични содржини