Познатиот пејач нападнат со нож и ограбен: Потресен е!

Хари Стајлс, поранешниот пејач на британскиот бој бенд, Уан Дирекшн, бил ограбен на Валентајн, пишува Mirror. Грабежот се случил во лондонскиот кварт Хампстед во ноќните часови, кога пејачот бил излезен.

Ограбувачот, за кој Стајлс вели дека бил во своите двесетти години, извлекол нож и му запретил барајќи од него да му ги даде сите пари кои ги има. Пејачот добро се снашол во ситуацијата и поминал неповреден.

„Хари се однесувал поприлично смирено и брзо ги дал своите пари. Ја држел ситуацијата под контрола. Сепак, поради сето тоа е многу потресен“, рекол близок извор на пејачот.

Полицијата се уште не го фатила напаѓачот.

И покрај инцидентот, Хари синоќа сепак настапил на доделувањата на Британските награди, каде ја испеал песната Falling.

Слични содржини