Познатите ѕвезди кои биле фатени во прељуба

од Vladimir Zorba

Холивудските ѕвезди можеби изгледаат исклучително, па дури и нереално, но тие се човечки суштества. Проблемите и грешките што се случуваат со обичните луѓе се дел од животот на многу познати личности.

Има многу познати актери и музичари кои ги уништиле нивните бракови, врски и свршувачки поради мамење, од кои за многу било само минлива работа.

Една од најпознатите ѕвездени неверства засекогаш ќе остане она на Бред Пит, кој беше женет за Џенифер Анистон, а почна да се заљубува во Анџелина Џоли додека двајцата го снимаа хитот “Господин и госпоѓа Смит”.

Факт е дека врската на Пит и Џоли издржа цели 10 години, а двајцата се здобија со три биолошки и три посвоени деца. Тие дури и се венчаа во 2014-та, но во 2016-а си кажаа “збогум”, а до ден-денешен не можат да го решат разводот и старателството над наследниците.

Сепак, Пит остана во добри односи со Анистон, која очигледно му простила. Тој дури и неодамна ја почести на забавата за нејзината 50-годишнина.

Проверете во нашата галерија кои други ѕвезди биле заробени “во расчекор”.

Слични содржини