Познато е кога ќе биде погребан принцот Филип: Внукот Хари доаѓа на последното збогување, но не и Меган

од Берта Китинска

Погребот на принцот Филип ќе се одржи во сабота на 17 април во три часот попладне (по британско време), кога ќе се одржи едноминутно молчење низ целата земја.

Последното збогување со војводата од Единбург ќе се одржи во капелата Свети Ѓорѓи во Виндзор, пренесува Би-Би-Си.

На церемонијата ќе присуствуваат 30 гости, вклучувајќи го и семејството на принцот Филип, додека пристапот до јавноста ќе биде забранет, објави Бакингемската палата.

На списокот на гости е и принцот Хари, но не и неговата сопруга Меган Маркл, која според извештаите на медиумите не може да патува поради бременост.

Палатата објави дека службата ќе се одржи во согласност со ограничувањата воведени во борбата против пандемијата на коронарниот вирус.

Портпарол на Бакингемската палата потврди дека неговиот внук Хари, синот на принцот Чарлс, кој се пресели во Лос Анџелес откако се повлече од кралските должности, планира да присуствува на погребот.

– Иако ова е време на тага, наредните денови ќе бидат можност да се прослави извонреден живот – рече портпаролот.

Слични содржини