Познато е колку ученици се заразени со корона во Србија во претходните 15 дена

од Aleksandar Petrovski

Во првите две недели од часовите во основните и средните училишта, вкупно 52 ученици и 20 вработени беа заразени со вирусот корона, вели министерот за образование Младен Шарчевиќ и додава дека станува збор за спорадични случаи ако се знае дека во училиштата во Србија има околу 850.000 ученици.

Тој за ТВ Пинк прецизира дека 25 ученици биле заразени во 1.250 основни училишта во Србија и дека од тој број, шест ученици не дошле ниту на училиште.

– Во Белград се заразени 16 ученици, потоа има спорадични случаи во Сомбор, Нови Пазар, Заечар, Врање, Ниш, Лесковац – потенцираше тој и додаде дека седум наставници се заразени во основните училишта.

Министерот изјави дека децата доаѓаат во училиштата со маски, дека се одржува растојание, дека наставниците завршиле добра работа и дека училиштата денес се најбезбедно место, каде можноста за пренесување на инфекцијата е многу помала отколку во парковите, спортските терени, каде што децата се дружат надвор од училиштата.

Слични содржини