Познато каде Цеца ќе го помине карантинот

од Stefanija Kuzmanovska

Српската фолк дива, Цеца Ражнатовиќ потврди дека е позитивна за коронавирусот, па следниот период ќе го помине во карантин.


Периодот ќе го помине во својата вила во Дедиње, со нејзиниот син Вељко, кој исто така е позитивен.

Сопругата на Вељко, Богдана Ражњатовиќ и деветдневното бебе се во Тител, во куќата на неговата свекрва и свекор.

Единствено што е сигурно е дека на Цеца ќе и биде многу полесно во карантинот, со оглед дека куќата ги има сите услови за уживање.

Ражнатовиќ никогаш не ги отворила вратите на својот дом за медиумите, но поради Инстаграм и нејзината ќерка Анастасија, често можеме да видиме детали кои откриваат во каков луксуз ужива нивното семејство.

Ражнатовиќ првенствено има пространа дневна соба со повеќе телевизори. Дневната соба има многу скапи детали и парчиња мебел, од вредни слики и други уметнички дела, па сè до прескапи украси. Цеца најголемиот дел од времето го поминува во тој дел од куќата, и не е ни чудо затоа што тој простор се чини дека е пријатен заради природното осветлување.

Таа нема да пропушти ниту да се релаксира, бидејќи во рамките на вилата има огромен новоизграден спа центар, каде што можат да го поминат целиот ден ако сакаат. Исто така, како дел од куќата, Цеца има голема сала, каде обично организира прослави.

По раѓањето на нејзиниот внук Жељко, таа започна да вежба во сопствената куќа. Така, пејачката има можност да ја избере не само просторијата, туку и подот на кој ќе тренира во својата вила. Само што тренерот нема да дојде кај неа за време на двонеделниот карантин, но тука е Вељко, кој може да ја поучи какви вежби да прави.

Слични содржини