Познато кога Ѓоковиќ ќе го направи вториот тест на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе го изврши вториот тест на коронавирус за осум дена, односно на 7 јули, беше потврдено за „Б92.нет“.

Ѓоковиќ ќе биде тестиран 14 дена откако ги доби резултатите дека е позитивен на Ковид-19.

Новак и неговата сопруга Јелена, која исто така е заразена, сè уште немаат никакви симптоми и се чувствуваат добро, па ги следат сите понатамошни препораки на лекарот и се во самоизолација.

 

Слични содржини