Познато кој ќе биде новиот Терминатор

од Vladimir Zorba

Веќе разбравме дека Арнолд Шварценегер е добро и се опоравува по операцијата, а тоа нè потсети дека во 2019 година треба да се појави нов филм за „Терминатор“.

Со оглед на здравјето на Арнолд, не е јасно дали ќе може да учествува во шестиот дел, но очекувањето е да го стори тоа.

Во меѓувреме, некои нови додатоци за филмот станаа јасни, како и кој ќе биде новиот Терминатор.

Неговото име е Габриел Луна. Тој е повеќе познат по неговите настапи во „Agents of S.H.I.E.L.D.“ и „Wicked City“.

„Deadline“ укажува дека другите пополнувања, за кои станува збор, се Наталија Рејес и Диего Бонета. Филмот ќе го режира Тим Милер, а негов продуцент ќе биде Џејмс Камерон.

Новиот филм за „Терминатор“ се очекува да биде како надополнување на историјата во која Арнолд Шварценегер учествува, и да започне таму каде „Terminator 2: Judgment Day“ заврши. Покрај горенаведените имиња, друштво на Арнолд ќе му прават и Мекензи Дејвис и Линда Хамилтон.

Премиерата на филмот е закажана за 22 ноември 2019 година.

Слични содржини