Познато колку трае заштитата што ја пружа вакцината Спутник Лајт и за кои земји е наменета

од Stefanija Kuzmanovska

Должината на ефикасноста на вакцината Спутник Лајт ќе биде три до четири пати пократка од имунитетот кој го пружа Спутник V, изјави денеска Александар Гинцбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, во интервју за телевизијата канал Русија-24.

Според Гинцбург, заштитата што ја обезбедува Спутник Лајт од коронавирусот, најверојатно ќе трае четири до пет месеци, пренесува Tas s.

Спутник Лајт, вакцина од една доза, е опишана како можно привремено решение што ќе им помогне на земјите со голема стапка на инфекција, наведе „Ројтерс“.

Слични содржини