Познато зошто тренерот на Вајлдер го фрли пешкирот во ринг (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Со фуриозна победа над Дионтеј Вајлдер, технички нокаут во седмата рунда, Британецот Тајсон Фјури ја врати светската титула во тешка категорија и ја освои титулата во ВБЦ.

Пет години по триумфот над украинскиот боксер Владимир Кличко, „Циганскиот крал“ се врати на тронот во боксот, испраќајќи го Американецот на патос на три наврати за време на борбата.

Вајлдер, по одлука на судијата да го запре дуелот, му пријде на тренерот и го праша изненаден дали го предал мечот? Арбитарот се одлучи за таков потег, по барањето на тренерот на Дионтеј, поради тешка повреда на увото.

– Не знам зошто тој фрли пешкир затоа што бев подготвен да се борам до крај. Не сум добро, но се случува. Денес противникот беше подобар, не влегов во борба целосно подготвен , но јас сум воин, не сакав да го предадам натпреварот, но тоа е што е. И најголемите паѓаат и се враќаат. Че се вратам посилен, рече Валдер по неговиот прв пораз во кариерата.

Слични содржини