Прадхан: Реформите од акциониот план за ОВП, предност во пристапните преговори со ЕУ

Отвореното владино партнерство ќе овозможи поголема доверба кај граѓаните и поголема борба против негативните појави. Засега вашите реформи се одлични и оддржувајте ги, без разлика на пречките кои ќе ви се појават на патот, со оглед на тоа што придобивките на граѓаните ќе се одразат позитивно во пристапните преговори со ЕУ, порача денес на презентацијата, Санџај Прадхан, инаку генерален директор на ОВП од канцеларијата во Њујорк.

Прадхан додава дека оваа година, се предлагаат навистина добри идеи, со кои ќе може да се унапредат реформите од петтиот акционен план на ОВП.

„Северна Македонија во 2021 година го креира својот петти акционен план. Со овој план имате конкретна можност да унапредите три важни цели за Северна Македонија. Првата е градење доверба кај граѓаните на уште повисоко ниво. Втората цел е градење доверба кај инвеститорите, што е од витално значење за заживување на опоравувањето на економијата од Ковид-19. Третата цел е унапредување на агендата за пристапување на земјата кон ЕУ. Постои огромен потенцијал за отворени владини реформи, за исполнување на приоритетите утврдени во оперативната програма 2020-2024“, порача Прадхан.

Генералниот директор потсети дека Северна Македонија беше една од првите земји што се приклучија на Отвореното владино партнерство, а минатата година Општина Свети Николе се приклучи на локалната ОВП програма.

Слични содржини