Актуелно
Почетна / Актуелно / Праљак во притворот оставил уште едно писмо

Праљак во притворот оставил уште едно писмо

Слободан Праљак покрај писмото за семејството оставил и плико за својата адвокатка Ника Пинтер, пренесе Јутарњи лист.

Хашкиот осуденик, кој изврши самоубиство во судницата по читањето на пресудата, во челијата оставил писмо за кое јавноста до сега не знаеше.

„Во неговата соба меѓу останатите работи најдовме и плико на кое пишува Ника“, наведе адвокатката.

Содржината на писмото не е позната, а адвокатката ќе го добие по завршување на истрагата за смртта на Праљак.

loading...